Отворен конкурсот за Наградата од ЕУ за истражувачкото новинарство

Од:

Сите новинари кои во 2016 година продуцирале и објавиле истражувачки стории на теми поврзани со злоупотреба на моќта и прекршување на основните права, корупција и организиран криминал, од денеска до 7 април може да се пријават на конкурсот за Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство.

Наградата е воспоставена од Европската комисија, во согласност со Стратегијата за проширување на ЕУ, која ја идентификува потребата од обезбедување слобода на изразување во медиумите и потребата за поддршка на истражувачкото новинарство при следење на процесот на реформите. Целта е да ги истакне и промовира извонредните достигнувања на новинарите истражувачи и да ја подобри видливоста на квалитетното истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција.

Конкурсот вклучува и под-категорија „награда за најдобра сторија од млад новинар истражувач“, со цел да се промовираат младите генерации новинари истражувачи.

Наградата се доделува еднаш годишно во земјите од Западен Балкан и во Турција, а годишниот награден фонд за секоја земја изнесува 10.000 евра.

Како што се наведува, во секоја држава ќе бидат наградени од една до три истражувачки приказни, а поединечните награди ќе изнесуваат од 3.000 до 5.000 евра. Процесот на доделување на наградата го администрира партнерството на граѓански организации координирани од Мировниот институт во Љубљана, додека Македонскиот институт за медиуми, како член на партнерството, ќе ги координира активностите поврзани со конкурсот во земјава.

Повеќе информации поврзани со Наградата можат да се најдат на [email protected], а документите за аплицирање (на македонски и албански јазик) се достапни на веб страницата www.mim.org.mk/eunagrada.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ