Џем од суви кајсии

Од:

Може да го направите во било кое време во годината …

Потребно е:
650 гр суви кајсии
700-750 мл врела вода
сок и изрендана кора од 2 лимона
250 гр шеќер

Подготовка:
– Кајсиите ставете ги во еден сад и прелијте ги со врела вода. Оставете ги да стојат 24 часа. За тоа време ќе омекнат кајсиите.

– Следниот ден сипете ги кајсиите заедно со водата во едно тенџере, додадете шеќер и изрендана кора и сок од два лимона.

– Убаво измешајте и ставете го тенџерето на рингла на повисока температура за да проврие. Кога ќе почне да вријат, варете ги 20-30 минути со повремено мешање.

– Смалете ја температурата и варете уште 20-тина минути. За тоа време кајсиите треба да почнат да се распаѓаат во парченца. Ако не се распаѓаат измелете ги со рачен блендер.

– Варете го џемот додека да се згусне.

– Врелиот џем сипете го во врели тегли, затворете ги со измиени и осушени капаци и оставете потполно да се изладат.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска