Во Велес одбележан Денот на Црвениот крст на Република Македонија

Од:

Општинската организација на Црвен Крст Велес денеска свечено го прослави Денот на Црвен Крст на Република Македонија 17-ти март.

Милчо Трајков претседател на Општинскиот Црвен крст и воедно на Републичкиот одбор на Црвениот крст на Македонија потсети дека Црвениот крст на Македонија годинава прославува 72 години од своето постоење и дека Општинската организација од Велес е меѓу најдобрите во Македонија и е на трето место.

-Пред една година Црвен Крст на Република Македонија стана прво сертифицирано национално друштво во рамки на 190 држави во светот.Тоа е голем успех и тоа зборува за заложбите и активностите на националното друштво и неговиот квалитет, потенцира Трајков.

Информира дека од крводарителите од Општина Велес заедно со општините Градско и Чашка лани биле собрани вкупно 4.044 крвни единици.

На свеченоста беа доделени признанија на најуспешните организации и поединци за крводарителството во 2016 година, а на доброволните крводарители кои минатата година дарувале крв по 50, 75 и 100 пати им беа врачени благодарници.

За стопати доброволно дарувана крв и својата голема хуманост да спасат нечиј живот , благодарници добија крводарителите:Томе Андов,Никола Цековски и Ѓорѓи Митов.

Признанија за унапредување и омасовување на крводарителството во 2016, беа доделени на ЈЗУ Општа болница Велес, Средното стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“, крводарителите од Населба Чашка и на Валентина Шкрекова волонтер и мотиватор за крводарителство.

Би можело да ве интересира

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски