ВМРО-ДПМНЕ: Што се случува во кумановската гимназија?

Од:

„Деновиве низ електронските медиуми излегоа непристојни слики од Директорот на Кумановската Гимназија „Гоце Делчев“. Ескплицитната содржината е навистина запрепастувачка и бара итно да се превземат мерки против него без разлика што истиот е кадар поставен од градоначалникот Зоран Дамјановски од СДСМ. Целата јавност е загрозена од тоа што го виде.

Родителите се во шок и загрижени за своите деца, каде тие се воспитуваат и кој нив ги образува. Никому не приличи вакво однесување, а најмалку на педагог, и човек кој раководи со една образовна установа. Ги повикуваме надлежните државни институции да ги истражат наводите за ваков случај, и доколку се покажат како точни да спроведат санкции. Ги повикуваме и невладините организации кои ги штитат правата на децата да реагираат на ваквите појави.

Надлежниот народен правобранител и првата детска амбасада мора да реагираат кога директор на едно училиште на социјалните мрежи објавува материјали со експлицитни сексуални содржини. Кумановската и целокупната македонска јавност се згрозени и оправдано поставуваат прашања:

Што се случува во кумановската гимназија?

Дали овие фотографии и снимки биле испраќани до некого и дали истите стигнале и до учениците во гимназијата?

Каква реформа во образованието СДСМ сака да спроведува и дали кумановската гимназија треба да биде урнек?

Јавноста мора да знае. Институциите мора да реагираат. Не смее да се дозволи сомнеж дека со установа која има просветна и педагошка улога раководи човек кој се слика гол и потоа истите слики ги пушта на интернет“ изјави Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски