ВМРО-ДПМНЕ: Реакциите на СДСМ и СЈО покажуваат дека зад нив стои еден ист автор

Од:

„Двете реакции на СДСМ и СЈО на утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека авторот кој стои зад нив е еден ист.

Тоа е уште еден доказ дека помеѓу СЈО и СДСМ има знак на еднаквост.

СДСМ тоне и е во паника. Видоа дека нивната анти-државна и анти-национална политика не минува кај народот.

Граѓаните масовно ја отфрлија Тиранската Платформа и стотици илјади граѓани секојдневно го покажуваат на улиците низ Македонија.

Сосема очекувано беше политичкото активирање на СЈО преку неиздржани предмети, се со цел да врши притисок врз медиумите за да направи дефокус од револтот и гневот на народот кон Тиранската Платформа, кој секојдневно се слева на улиците.

Нема да ви помине“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски