Пита со тиквички, моркови и целер

Од:

Одлично оди со сезонска салата …

Потребно е:
2 лажици маслиново масло
80 гр изрендани тиквички
60 гр изрендани моркови
50 гр рендан пашканат
2 млади кромидчиња, ситно сецкани
3 јајца
40 гр изрендан топлив кашкавал
2 лажици ситно сецкан магдонос
1 лажица брашно
сол и бибер

Подготовка:
– Во тава на загрејте го маслото и додадете ги тиквичките, морковите, пашканатот и младото кромидче.

null

– Додадете сол и бибер по вкус и пржете со постојано мешање 4-5 минути додека да омекне зеленчукот. Тргнете ја тавата од рингла и оставете 10-тина минути да се излади.

– Во еден подлабок сад сипете го изладениот зеленчук и додадете ги јајцата, изренданиот кашкавал, магдоносот и брашното. Убаво измешајте да добиете хомогена смеса.

– Смесата сипете ја во намастена тава (20х20 см) и израмнете ја.

null

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 15 минути.

– Извадете ја од рерна и оставете да се излади 10-тина минути, а потоа извадете ја од тавата и исечете ја на мали коцки.

– Сервирајте ја со сезонска салата.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска