ВМРО-ДПМНЕ: Предвремени парламентарни избори заедно со локалните се решение за кризата

Од:

„После најавата на уценетиот Зоран Заев за отворање на дебата за елементите од Тиранската Платформа, дебатата почна да се реализира на дело.

Човекот што го навредуваше и потценуваше македонскиот народ во секоја своја изјава, Питер Ванхауте ја откри крајната цел на ова сценарио, а тоа е Федерализација на Република Македонија.

Албанската пратеничка, Месила Дода се закани дека доколку Заев отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажираат околу остварување на сонот за Илирида.

Партнерот на аболицираниот криминалец Зоран Заев, Зијадин Села јавно го негира македонскиот идентитет и вели дека пред 100 години не постоеле Македонци и кажа дека не го почитува знамето, грбот и химната на Република Македонија.

Од друга страна Трифун Костовски дрско и без срам јасно говори дека треба да им се одземе правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да го кажат сопственото мислење и да се борат во заштита на највисоките државни и национални интереси.

Јавноста со право е загрижена. Јавноста може да претпостави дека оваа дебата, односно пазарење со националните и државни интереси, ќе заврши со редефинирање на државата.

Единствен излез од оваа ситуација е аболицираниот Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ да соберат храброст и да ја отфрлат Тиранската Платформата.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ останува на својата понуда. Доколку СДСМ се откаже од Тиранската Платформа и реализацијата на елементите содржани во неа, ќе му даде поддршка на СДСМ и Зоран Заев да формираат влада.

ВМРО-ДПМНЕ се уште стои на позицијата дека предвремени парламентарни избори заедно со локалните се решение од кризата, бидејќи граѓаните тогаш ќе може јасно да одлучат дали ќе ја поддржат Тиранската Платформа и елементите содржани во неа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски