ВМРО-ДПМНЕ: Изборите се најдобрата и најшироката дебата која може Заев да ја направи

Од:

„Прифаќањето на Тиранската Платформа од страна на уценетиот Зоран Заев води во редефинирање и разнебитување на Република Македонија.

Крајната цел на ова сценарио ја откри и Питер Ванхауте. Федерализација на Република Македонија. Човекот што го навредуваше и потценуваше македонскиот народ во секоја своја изјава, повторно се најде на иста линија со аболицираниот криминалец Зоран Заев и на масата го става актуелното политичко уредување.

Сите негатори на највисоките државни и национални интереси го почувствуваа вистинскиот момент за да го покажат вистинскиот лик. Вратата за дебатирање и оспорување на се што е дел од македонскиот идентитет им ја отвори токму уценетиот Заев.

Со неговиот страв да ја отфрли Тиранската Платформа сите овие ликови добија сила.

Затоа албанската пратеничка, Месила Дода се закани дека доколку Заев отстапи од платформата, тогаш сите албанци ќе се ангажирале околу остварување на сонот за Илирида.

Затоа партнерот на Заев и негов главен реформатор, Зијадин Села го негира македонскиот идентитет и вели дека пред 100 години не постоеле Македонци, а Трифун Костовски срамно се осудува да им го одземе правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да го кажат сопственото мислење и се борат во заштита на највисоките државни и национални интереси.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев ја отвора пандорината кутија под уцена, од страв дека тој и криминогеното раководство на СДСМ ќе треба да одговараат за криминалот што го сториле.

Излезот од целата ситуација е јасен. СДСМ и Зоран Заев треба да соберат храброст и да ја отфрлат платформата.

Еве го охрабруваме Зоран Заев повторно. Нека ја одбие Тиранската Платформа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе му даде поддршка да формира Влада. Доколку аболицираниот Зоран Заев сеуште смета дека елементите од Тиранската Платформа треба да се прифатат, тогаш за да не ги измами граѓаните повторно како на последните избори, нека прифати парламентарни избори заедно со локални и нека ги вклучи елементите од Платформата во својата Програма. Изборите се најдобрата и најшироката дебата по однос на овие елементи, која може Заев да ја направи“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата