ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и СДСМ јасно да ја отфрлат Тиранската Платформа

Од:

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев помеѓу Тиранската Платформа и државните и национални интереси на својот народ ја одбра платформата, која значи директно мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

Аболицираниот Зоран Заев и СДСМ само да се доберат до власт, се подготвени на целосна двојазичност на државата, двојазични амблеми на војската и полицијата, двојазични банкноти и монети, како и прогласување на сопствениот народ за геноциден.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ не смеат веќе да бегаат и да се кријат со разни лаги и манипулации од народот.

Граѓаните на Република Македонија очекуваат, Зоран Заев и СДСМ јасно да ја отфрлат Тиранската Платформа и да се обврзат дека нема да ги реализираат елементите од неа.

Доколку СДСМ го стори тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за идната Влада која што би ја формирал и предводел Зоран Заев.

Доколку пак аболицираниот Зоран Заев е импресиониран од Тиранската Платформа нека прифати парламентарни избори заедно со локалните избори во мај и нека излезе пред граѓаните со барањата од Тирана.

Така граѓаните ќе може јасно да кажат што мислат за тоа, без притоа да бидат изборно измамени, како што тоа веќе еднаш им го направи СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните