или торта со јаболки на рингла …
Потребно е:
120 гр брашно
2 јајца
100 мл млеко
3-4 јаболки (околу 450 гр исчистени јаболки)
80 гр шеќер
прстофат сол
1/2 лажиче прашок за пециво
1 лажица мед
2 лажици масло
20 гр путер
и уште:
малку масло
шеќер во прав
Подготовка:
– Изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете ги солта, брашното и прашокот за пециво. Додадете ги млекото и маслото и убаво изматете.
– Излупете ги јаболките и исецкајте ги на коцки. испрскајте ги со малку сок од лимон. Додадете го и медот и измешајте.
– Тавата во која ќе ја печете питата (дијаметар од 22 см) загрејте ја на рингла. Во неа сипете малку масло и путер.
– Кога ќе се растопи путерот, сипете ја смесата.
– Поклопете ја тавата и печете ја 15-тина минути.
– Внимателно свртете ја од другата страна со помош на чинија и допечете ја уште 8-10 минути.
– Печената пита ставете ја на чинија и оставете да се излади.
– Исечете ја на парчиња, посипете со шеќер во прав и послужете.