ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ се откаже од Тиранската Платформа ќе му дадедеме поддршка на Заев да формира влада

Од:

„Ако СДСМ и Зоран Заев навистина искрено се залагаат за унитарна и мултиетничка Македонија, а не бинационална држава, тогаш јасно и гласно Зоран Заев ќе излезе и ќе каже дека ја одбива Тиранската Платформа и елементите содржани во неа.

За жал ниту СДСМ ниту Зоран Заев не излегуваат со одбивање на Тиранската Платформа и подготвени се да предводат Тиранска Влада базирана на темели на Платформа формирана во странска држава под диктат на странски премиер.

Тие дури одат до таму и велат дека ќе дебатираат по прашања кои се од национален и државен интерес, консултирајќи партиски експерти од потписниците на Тиранската Платформа.

Резултатот од тоа е јасен, во фази да се оствари редефинирање на државата, менување на знаме, химна, грб, воведување на двојазични банкноти и униформи, прогласување на геноцид врз Албанци спроведен од АСНОМ, 1944-та до 1956-та година и редица други одлуки кои го погазуваат интегритетот и идентитетот на македонската држава.

ВМРО-ДПМНЕ останува на својата принципиелна понуда. Доколку СДСМ се откаже од Тиранската Платформа и реализацијата на елементите содржани во неа, ќе му даде поддршка на СДСМ и Зоран Заев да формираат влада.

ВМРО-ДПМНЕ сеуште стои на позицијата дека предвремени парламентарни избори заедно со локалните се решение од кризата, бидејќи граѓаните тогаш ќе може јасно да одлучат дали поддржуваат Тиранска Платформа и елементи содржани во неа.

Впрочем токму изборите се најдобрата дебата за прашања од национален и државен интерес. СДСМ доколку процени дека треба Тиранската Платформа да се реализира, тогаш нека ја вметне во својата изборна програма, па нека ја побара поддршката од граѓаните, наместо да им прави изборни измами со наводни планови за живот, кои на крајот се претворија во планови за редефинирање на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка