„Шин Фејн“ побара референдум за отцепување на Северна Ирска од Обединетото Кралство

Од:

Северноирската партија „Шин Фејн“ соопшти синоќа дека сака да се одржи референдум за отцепување на Северна Ирска од Обединетото Кралство колку што е можно поскоро.

Партијата го соопшти ова неколку часови откако шкотскиот прв министер Никола Старџен побара нов референдум за независност на Шкотска.

Оваа северноирска партија постојано настојува да биде организирано гласање за излез од рамките на Кралството и обединување со Република Ирска, откако Велика Британија во јуни минатата година одлучи на референдум да ја напушти Европската унија.

Мнозинството гласачи во Северна Ирска на тој рефенредум гласале земјата да остане во Унијата.

– Брегзит ќе биде катастрофа за економијата и за народот на Северна Ирска. Треба што е можно поскоро да се одржи референдум за обединување со Република Ирска, нагласи лидерката на „Шин Фејн“ Мишел О’Нил во Белфаст.

– Британската Влада „продолжува да не го слуша мислењето на мнозинството и одбива да ги исполни ангажманите и договорите“, наведе О’Нил.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска