Турското медитеранско одмаралиште Анталија е меѓу петте главни дестинации за патување во светот, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
Според класификацијата на Светската организација за туризам при Обединетите нации на челната позиција е Париз, а потоа следуваат Лондон, Њујорк, Анталија и Сингапур.
Експертите нагласуваат дека земјите како Гватемала, Доминиканска Република и Брегот на Слоновата Коска, кои пред десетина години беа исклучени од туристичките мапи во светот, сега бележат бомбастичен раст на туризмот.