„Нетфликс“ на гледачите ќе им нуди сами да го изберат крајот на ТВ серија

Од:

Компанијата „Нетфликс“ објави дека ќе им препушти на гледачите сами да го одредат расплетот на приказната во една телевизиска серија – принцип сличен на оној околу детските книги од 80-те: „Избери ја својата авантура”.

Овој концепт прво ќе биде испробан на детски серии и ако се покаже како успешен, ќе биде применет и кај програмите за повозрасната публика.

Извршните раководители на компанијата велат дека тоа би изгледало вака: Краевите на сериите ќе се снимаат во повеќе верзии, а гледачот со своето далечинско ќе може да бира која да го гледа.

– Ќе видиме како сето тоа ќе изгледа во реалноста и дали ќе биде успешно. Станува збор за експеримент и една целосно непозната територија за продуцентите, изјави претставник на „Нетфликс“.

Сепак, ова и не сосема нов „изум“. Кај ДВД изданијата на голем број филмови веќе со години има опција „алтернативен крај“ во додатоците.

Но, како секоја друга нова идеја, така и оваа има свои поддржувачи и противници. Оние кои не се согласуваат овој концепт сметаат дека на тој начин ќе се намали значењето на креативноста на авторите и нивната оригиналност.

Би можело да ве интересира

Ким Кардашијан ги брани браќата Менендез

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

Гулаб слета на главата на новинарката непосредно пред да известува во живо, нејзината реакција насмеа многумина

Актерката од серијата “Baby Reindeer” се прослави по 17 години кариера: Улогата на демнач како пресвртница

Предраг Петровиќ

Нетфликс повторно ги зголемува цените

Објавен трејлерот за серијата „Гризелда“: Софија Вергара во улога на нарко кралицата

Предраг Петровиќ