Меј би можела утре да го покрене членот 50 од Лисабонската спогодба

Од:

Британската премиерка Тереза Меј би можела уште утре да го покрене членот 50 од Лисабонската спогодба, за излез на Велика Британија од ЕУ и на тој начин формално да го започне процесот на Брегзит, пишуваат лондонските весници.

Десничарскиот антиевропски и антиимигрантски „Дејли Експерс“, кој кампањата за Брегзит ја споредува со походите на крстоносниците од раниот Среден век, тврди дека Меј веќе утре или најдоцна во следните 48 часа, ќе го отвори процесот за „конечниот развод“ на Велика Британија со ЕУ.

Меј претходно соопшти дека Лондон ќе го покрене процесот за Брегзит, тогаш кога британската Влада ќе биде подготвена, но не подоцна од крајот на март.

На 25 март со средба на европските лидери, ЕУ ќе ја прославуваат 60-годишнината од создавањето на Европската економска заедница (ЕЕЗ), која е основата за денешната ЕУ, па се смета дека би можело да делува како „провокација“ во тој период Велика Британија да го почне процесот на Брегзит.

Пред крајот од оваа недела се очекува Шкотската национална партија (СНП), која е против Брегзит, да објави план за втор референдум за отцепување од Обединетото Кралство, доколку Лондон не ги исполни барањата на Шкотска, што исто така би можело да доведе до натамошно „подгревање на атмосферата“ на британскиот север, па затоа се смета дека следните ден или два се најповолни за да почне процесот за излез од ЕУ.

Брисел и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск веќе соопштија дека ЕУ за 48 часа ќе биде спремна да ги започне преговорите, додека ирскиот премиер Енда Кени обелодени оти доколку Меј го почне процесот за Брегзит до средината на март, тогаш во почетокот на април, ЕУ ќе одржи вонреден Самит за позициите на земјите членки околу преговорите со Велика Британија.

Медиумите во Лондон веруваат дека најавата на „Дејли Експрес“ ќе биде сосема реална доколку денеска до полноќ двата дома на Парламентот го усвојат владиниот закон за Брегзит.

Можноста од среда, Велика Британија да ја почне фазата на преговори со ЕУ, доаѓа по контроверзната изјава на британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон дека Британците може да заминат од Унијата и без да се договорат со Брисел.

Антиевропските министри и десничарските и анти-ЕУ пратеници на ториевците се согласуваат со Џонсон, дека Велика Британија е „мошне силна“, па не и треба ниту договор со ЕУ, што други ториевци и еконономски експерти го оценија како „бесмислено“ и „неточно“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска