Ангеловски: Одиме на победа, не сум тренер кој бара алиби

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски на денешната прес-конференција ги искажа своите очекувања за претстојните средби со Лихтенштајн и со Белорусија.

– Верувам во играчите, убеден сум дека ќе влеземе максимално подготвени и конечно после добрите игри, да освоиме и бодови во овие квалификации. Јас не сум тренер кој бара алиби, не бегаме од фаворитската улога, но нема ниту да ги потцениме, затоа што во минатото Македонија веќе се има „изгорено“ во дуелите со вакви репрезентации, истакна Ангеловски.

Тој нема да може да смета на Езџан Алиоски кој треба да одлежи еден меч поради суспензијата од два жолти картони. Алиоски ќе биде во составот за мечот против Белорусија на 28 март во Скопје.

По одличните игри во дресот на Осијек повик доби Музафер Ејупи кој во моментов е прв стрелец во хрватското првенство.

– Жал ми е што од стандардните репрезентативци поради повреда отпаднаа Барди и Спировски, како и Алиоски, кој нема право за настап поради жолти картони. Продолжив да ги вклучувам младите фудбалери во А-селекцијата и се надевам дека ќе составиме квалитетен тим. На овој меч ќе играме поофанзивно, сигурно ќе ја менуваме досегашната 3-5-2 формација, додаде Ангеловски.

Натпреварот Лихтенштајн – Македонија се игра на 24 март во Вадуц со почеток во 20:45 часот.

Би можело да ве интересира

Време е за промена: Младите фудбалери и вторпат поразени од Косово

Беше голем талент и одби да игра за Македонија, па од Порто дојде до Будуќност

Македонија минимално поразена од Саудиска Арабија

Женската фудбалска репрезентација ги доби ривалките во квалификациите за Светскиот куп

Жарко Настоски

Алиоски: Издржавме се, победивме репрезентација со голема фудбалска историја

Катерина Ѓуровски

Реакции во Германија: Срам, бламажа, разочарување, добро што Лев ќе си замине по ЕП

Катерина Ѓуровски