Предметот не беше доставен во соодветно време до апелација. Се работи за грубо прекршување од страна на кривичниот совет, рече Никола Додевски, адвокатот на Сеад Кочан.
Според него, Кочан си ги обавува своите обврски како слободен граѓанин, одлуката е незаконска.
– Правно е невалидно решението за притвор, правниците кои викаат дека може да се пролонгираат роковите за одлучување не го знаат правото. Побаравме советот да го стави вон сила решението, рече Додевски.