Во Привремениот транзитен центар во Гевгелија уште осум мигранти

Од:

Привремениот транзитен центар за мигранти во Гевгелија остана речиси празен откако вчера во попладневните часови го напуштија уште триесетина мигранти кои доброволно беа преземени од страна на грчките гранични полицајци, информираа активисти од Меѓународната организација за мигранти (ИОМ) кои помагале во примопредавањето на мигрантите.

Според нив, кампот во Гевгелија вчера го напуштиле 28 од останатите 36 мигранти така што моментно останале само уште осуммина кои пред повеќе од една година беа спречени да го продолжат патот кон некоја од земјите на ЕУ откако беше затворена „Балканската рута“.

Вчера кампот го напуштаа и времено вработени лица во невладините организации кои беа ангажирани во справувањето со бегалската криза.

Активистите на ИОМ велат дека кампот ќе остане отворен затоа што очекуваат со реадмисија голем дел од мигрантите кои пристигнале до земјите на ЕУ наскоро да го минуваат истиот пат во обратен правец, односно да се враќаат назад во земјите од каде што заминале, така што пред презамањето од Грција би поминувале по неколку дена и во гевгелискиот камп.

Би можело да ве интересира

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски