Протестантски свештеник од Белгија отвори бар во својата црква

Од:

Замислете да живеете во град во којшто нема каде да излезете и да се опуштите. Токму тоа натера еден протестантски свештеник од белгиското гратче Брилен, западна Фландрија, да отвори бар во својата црква.

Затворањето на последниот паб во градот, ги ставило мештаните во искушение, па тие „се обратиле кон Бога“ и на крај го решиле својот проблем – отвориле бар во локалната црква.

Пасторот на црквата дозволи пиење алкохол во божјиот храм, но само во неделните денови. Има и неколку други ограничувања – музика не е дозволена, а барот се затвора во 13 часот. Верниците, и покрај тоа, сметаат дека црковната крчма ќе ги зближи и сплоти луѓето кои живеат во гратчето.

– Животот си беше отишол оттука, сега одново си го враќаме, изјави една мештанка за „Дојче Веле“.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски