Пакистан по два дена ќе го почне својот прв попис на населението по цели 19 години, соопшти државниот министер за информации Мариум Аурангзеб, цитирана од американските медиуми.
Пописот ќе почне на 15 март и ќе трае до 15 мај.
Аурангзеб ги повика Пакистанците да соработуваат со властите и ги предупреди да не им даваат неточни информации на попишувачите.
Портпаролот на пакистанската армија изјави дека приближно 200.000 војници ќе им помагаат на цивилните попишувачи да ги соберат неопходните податоци, што ќе се земаат од врата на врата.
Последниот попис на населението во Пакистан беше направен во 1998 година, забележуваат американските медиуми. Тогаш беше констатирано дека во земјата има 180 милиони жители.
Аналитичарите сметаат дека оттогаш населението во Пакистан е значително нараснато и дека веројатно сега има над 200 милиони жители.