Поранешниот косовски премиер и лидер на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај денска во Тирана се сретна со албанскиот претседател и премиер, Бујар Нишани и Сали Бериша.
Бериша по средбата со Харадинај наведе дека двајцата сакаат да ги обединат сите Албанци.
– Посетата на Харадинај на Албанија е историска. Ние сакаме да се обединиме меѓу себе и да се обединиме со Европа, наведе Бериша.
тие се согласија дека предлогот на Бериша сите Албанци да добијат албанско државјанство и пасоши е „праведно решение“ и право.