Јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе денеска ја напушти претседателската палата во Сеул, два дена откако беше соборена од власт од страна на Уставниот суд поради корупциски скандал, соопшти агенцијата Јонхап.
Парк Геун-хје ја напушти зградата, нарекувана „Сината куќа“ околу10.00 часот по Гринич и замина во приватна резиденција во јужниот дел на главниот град, каде што стотици нејзини приврзаници се собраа за да протестираат против одлуката на Уставниот суд.
Парламентот изгласа импичмент на Парк во декември, откако со недели милиони Јужнокорејци излегуваа на протести со барање за нејзината оставка.
Во петокот Уставниот суд ја отстрани трајно од функцијата, потврдувајќи ја одлуката на парламентот.