ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат Заев и СДСМ да ја отфрлат Платформата од Тирана

Од:

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ не смеат веќе да бегаат и да се кријат со празни флоскули и манипулации од народот.

Граѓаните очекуваат Зоран Заев и СДСМ јасно да ја отфрлат Платформата од Тирана и да се обврзат дека нема да ги реализираат елементите од неа.

Доколку СДСМ го стори тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за идната Влада која што би ја формирал и предводел Зоран Заев.

Доколку СДСМ смета дека Тиранската Платформа е позитивна за иднината на Македонија и треба да се дебатира околу нејзините елементи, го повикуваме истата да ја стави на најшироката дебата, односно да поддржи распишување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус