Петрески: Со парите за еден споменик да се купат 200 возила и машини со кои ќе се чистат патиштата во Македонија

Од:

Градските власти од Охрид бараат посериозен однос на надлежните државни институции конкретно на Македонија Пат кога е во прашање на чистењето на патните правци кои водат до Охрид. Првиот човек на градот, градоначалникот на Охрид Александар Петрески искажа незадоволство од работењето на Македонија пат.

Вели дека поради ненавременото и квалитетно одржување на патот од Скопје до Охрид, голем број делегации кои беа во Охрид поради патронот на градот Свети Климент Охридски, го одложиле враќањето дома , а некои од нив не успеале на време да стасаат на аеродром во Скопје.

Тој вели дека со парите за изградба на еден споменик државата може да набави 200 возила и камини неопходни за непречено одржување на патните правци низ цела држава во текот на зимата.

„Не можеме да функционираме и да развиваме туризам ако патиштата што водат кон Охрид, освен што не се безбедни и ископани,не се одржуваат. Со парите од еден споменик што го гради државата можат да се купат 200 возила и машини со кои сите патишта во Македонија ќе бидат проодни. Загрижен сум зашто охриѓани и другите граѓани, како и туристите од Охрид до Скопје мораат да патуваат од 9 до 10 часа.Несериозен е односот на државните служби за одржување на патиштата“ рече Петрески.

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски