ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се откаже од Тиранската платформа, ќе му дадеме поддршка за малцинска влада

Од:

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев не собра храброст да се огради и да ја отфрли Тиранската Платформа. Аболицираниот криминалец Зоран Заев не собра храброст да каже дека нема намера да води Тиранска Влада базирана врз платформата.

Обидот на Зоран Заев да манипулира со јавноста и да ја потценува интелегенцијата на граѓаните е неуспешен. Тој во сопствен стил, конфузно се обиде да најави дека ако го добие мандатот ќе продолжи да дебатира по точките од Тиранската Платформа, за воведување на двојазични банкноти и монети, двојазични униформи, прогласување геноцид, промена на државните симболи и слично. Ова ја покажува всушност намерата на Зоран Заев, која претходно ја најавуваа и т.н експерти од СДСМ, преку наводни дебати и консултации на партиски експерти, па дури и странска помош, да подготват редефинирање на државата.

Доколку Зоран Заев ја одбива Тиранската Платформа тоа може да го направи со една единствена реченица. Тоа не е воопшто тешко дури и за него. Тоа бара само храброст и одважност.

Револтот на граѓаните е се поголем токму заради неискреноста на Зоран Заев. Граѓаните не сакаат да веруваат во округло па на ќоше, бидејќи едно гласаа на избори, а сосема друго добија со Тиранската Платформа од која како што гледаме Заев не се откажува.

Еве го охрабруваме Зоран Заев уште еднаш да се откаже од уцената. Зоран Заев нека се откаже јасно и гласно од Тиранската Платформа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за малцинска влада. Втората опција која му стои на располагање е да прифати нови парламентарни избори заедно со локалните каде граѓаните ќе може демократски да изберат програма, платформа, вклучително и онаа од Тирана, доколку во неа верува Зоран Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад