Земјите членки на ОБСЕ не можат да постигнат согласност за нов медиумски набљудувач

Од:

Од утре непополнета останува влијателната функција на набљудувач на слободата на медиумите во Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), откако земјите членки не успеаја да се договорат за наследникот на Дуња Мијатовиќ, во Виена денеска информираа дипломати, цитирани од ДПА.

Во својот последен говор од оваа функција, Мијатовиќ, која е босански медиумски експерт, предупреди дека „во многу, многу земји слободата на медиумите виси на конец“.

Нејзиниот редовен мандат заврши уште пред една година, но земјите од ОБСЕ одлучија да и го продолжат до крајот на оваа недела, откако Русија го блокира кандидатот кој се издвои меѓу неколкумината пријавени за нов претставник на ОБСЕ за слободата на медиумите.

Цела година не беше доволна во ОБСЕ да се договарат за неследникот на Мијатовиќ – одлука која бара консензус на сите 57 земји членки.

Во моментов се прават напори мандатот на Мијатовиќ да биде продолжен уште еднаш за краток период, за дипломатите да можат да најдат решение, за ДПА јавија добро информирани извори.

За постигнување согласност за таков серизоен чекор ќе бидат потребни неколку дена.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот