Во Куманово одбележан Ден на бубрегот

Од:

Црвениот Крст Куманово и Центарот за дијализа „Дијамед“ денеска, на градскиот плоштад, по повод Светскиот ден на бубрегот делеа информативни флаери.

Настанот се реализира со поддршка на здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“. Граѓаните имаа можност да се едуцираат за поврзаноста на бубрежните заболувања и прекумерната телесна тежина.

Освен на градскиот плоштад, пунктови со флаери се поставени и во населбата Карпош. Во одбележувањето на меѓународниот ден се вклучија и кумановските компании.

– Оваа недела е посветена на бубрежните заболувања. По централната манифестација во Скопје, денеска и во Куманово се реализираат активности за поддршка на здружението „Нефрон“, изјави Фросина Ефремовска од „Дијамед“.

И во Куманово расте бројот на бубрежно болните лица. – Во „Дијамед“ има над 60 пациенти што е повеќе во однос на минатата година. Затоа и здружението на болни води активна грижа за подигање на свеста кај граѓаните, уште пред да дојде до тој стадиум, да се преземат мерки за да се спречи бројот на заболените, рече Ефермовска.

Светскиот ден на бубрегот годинава се одбележува под мотото „Здрав начин на живот за здрави бубрези“. Според прогнозите, во наредните години се очекува бројот на болни да се искачи на 17 проценти од светското население. Кумановци се информираа дека луѓето со прекумерна тежина имаат два до седум пати поголем ризик да развијат краен стадиум на хронична бубрежна болест, во споредба со луѓето со нормална тежина.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување