Ќофтиња со кисела зелка

Од:

Едно вкусно зимско јадење …

Потребно е:
за ќофтињата:
450 гр мешано мелено месо
1 поголема главица кромид, ситно сецкана
2 чешниња лук, ситно сецкани
1 лажица сецкан магдонос
1 парче леб, без корка
1 јајце
1 лажица мелена црвена пиперка
1 рамно лажиче сол
мелен црн бибер

за киселата зелка:
500 гр тенко сецкана кисела зелка
3 листови ловор
3 лажици пасирани домати
1 лажица шеќер
2 полни лажици крем сирење
100 мл млеко
сол, бибер

Подготовка:
– Прво подгответе ги ќофтињата. Натопете го лебот во ладна вода и исцедете го. Месото измешајте го со мелената црвена пиперка, биберот, солта, сецканите кромид и лук, магдоносот и исцедениот леб. Со рака замесете ја смесата. Обликувајте ќофтенца.

– Во подлабоко тенџере ставете ја сецканата кисела зелка, листовите ловор, пасираните домати и шеќерот и измешајте ги. Потоа сипете вода да ја покрие целата зелка и оставете да се динста на средна температура.

– Смалете ја температурата и додадете ги ќофтињата, поклопете го садот и динстајте околу 20 минути, додека да се свари месото.

– Во помал сад измешајте ги млекото и крем сирењето да нема грутки и ова сипете го над ќофтињата и зелката во тенџерето. Полека измешајте и по потреба додадете уште сол и бибер.

– Послужете го топло со парче свеж леб, варени компири или со малку кисела павлака.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска