Георгиевски: Иванов го гази Уставот, мора да го даде мандатот

Од:

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и сегашен на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски реагира на последните случувања со недодолеувањето на мандатот на тие што обезбедиле мнозинство.

– Претседателот Иванов по втор пат го погазува Уставот на Македонија,македонската и европската демократска пракса. Уставот е недвосмислено јасен, тој мора да го даде мандатот на оние партии кои обезбедиле мнозинство. Во спротивно тој ризикува да ја воведе Македонија во мегународна изолација,да ги запали етничките страсти и да ја суспрендира демократијата.

-Доколку новата влада на СДСМ носи непринципиелни и неуставни закони постои Уставен суд кој ке ги поништува иститите. А народот веќе во мај на локалните избори со историски пораз ке ги казни.

-ВМРО-ДПМНЕ не смее да ги сруши сите мостови кон албанските политички партии, не смее да стане непријател на земјите од евроатланската заедница. Не смее да си игра со стабилноста и безбедноста на земјата. По никоја цена не треба да ги одложува локалните избори има шанса за голем триумф како прв чекор кон новото демократско враќање на власт.

Според Георгиевски Платформата на албанските партии е негирање и дерогирање на Охридскиот рамковен договор, за кој вели дека е затворен.

-Охридскиот договор е затворен и оверен од мегународната заедница договор.За жал и двете партии наместо да ја одбијат платформата како беспредметна и двете влегоа во суштинска дебата и така и дадоа легимитет, прво ВМРО-ДПМНЕ а потоа и СДСМ без задршка, вели Георгиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Македонските четници од Вардарскиот четнички копрус да ги признаеме и рехабилитираме како антифашисти

Ана Ололовска