Пастрмка со мајчина душичка, мед и зачини

Од:

Потребно е:
3 исчистени, измиени и исушени пастрмки
1 лажиче кумин во прав
1 лажиче лута мелена пиперка
2 чешниња ситно сецкан лук
1 лажица мед
2-3 гранчиња свежа мајчина душичка
сок од лимон
морска сол, бибер

Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 220 целзиусови степени.

– Во блендер измелете ги листов ите мајчина душичка, куминот во прав, лутата мелена пиперка и лукот.

– Додадете ги маслото и медот и блендирајте додека да добиете хомогена смеса.

– Со оваа смеса убаво премачкајте ги рибите од надвор и од внатре. Покријте ги со фолија и оставете ги во фрижидер преку ноќ.

– Пред да ги печете извадете ги рибите 1 час порано од фрижидер за да бидат на собна температура. Посипете ги со сол и бибер и премачкајте ги со маслиново масло.

– Ставете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете ги да се печат во загреана рерна околу 20 минути со едно превртување.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска