Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од едно место на ФИФА рејтинг листата објавена денеска. Македонија сега се наоѓа на 166. Позиција, што е најлош пласман од независноста .
Од противниците на „црвено-жолтите“ во квалификациската група за СП 2018, најдобро пласирана е Шпанија која е на 10.место, Италија е 15-та, Албанија се наоѓа на 54. позиција, Израел е 56, а најслабо котира Лихтенштајн кој е на делба на 184. место.
Токму Лихтенштајн е следниот ривал на македонските фудбалери на 24 март во Вадуз.
Во ТОП 10 нема промени во однос на февруарското рангирање. Лидер е Аргентина, пред Бразил и Германија. Потоа следуваат Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.
Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 6 април.