А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Грција најверојатно повторно ќе ја блокира Македонија да добие датум

by А1он10/12/2012 - 14:08133
Share0

По се изгледа дека Грција повторно ќе ја блокира Македонија да добие датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, јави дописникот на МИА од Атина.

Добивај вести на вибер

Иако некои грчки медиуми викендов објавија дека Атина ќе каже „да“ за датум, но под одредени услови, портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас стави јасно до знаење дека ставот на Грција останува цврст – а тоа е прво да се најде взаемно прифатливо решение за името.

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос, утре во Брисел ќе учествува на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) на кој тема ќе бидат заклучоци за политиката за проширување. Советот утре ќе одлучи дали и кога Македонија ќе ги почне пристапните преговори за членство во Унијата, откако амбасадорите на членките на ЕУ на состанокот минатата недела не успеаја да ги договорат заклучоците за нашата земја во врска со предлогот на ЕК да се одреди датум за почеток на преговорите.

Република Македонија доби кандидатски статус во 2005 година. Во 2009 година Европската комисија оцени дека земјата доволно ги исполнила политичките критериуми и препорача отворање на преговори за членство. Оваа препорака беше повторена од страна на ЕК и во 2010 и 2011 година, како и годинава кога го добивме најпозитивниот извештај за нашата земја. Последниот извештај, по две години избегнување, годинава ја содржеше и придавката „македонски“ за народот и јазикот.

Портпаролот на грчкото МНР и на оваа тема на последниот брифинг рече дека „не треба да постои употреба на овие термини“ затоа што, според него, употребата на придавката „македонски“ е директно поврзана со прашањето за името со Македонија и разговорите кои се во тек.

Иако, познавачите на приликите велат дека Грција не е во позиција да се судри со европските партнери поради кризата во која се наоѓа и помошта што ја очекува од нив, изгледа дека на Атина и е неопходно барем на едно поле да се чувствува силно и да диктира некои процеси. Дипломатски извори велат дека Европа го губи трпението за однесувањето на Атина во однос на прашањето за името на Македонија, тука е и пресудата од Меѓународниот суд за правда во Хаг дека Грција на Самитот на НАТО во Букурешт ја прекршила Времената спогодба ставајќи вето на одлуката за прием на Македонија, но грчките власти не ги засега ништо. Тие продолжуваат со својата „конструктивност“, која само тие ја разбираат.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен