(ВИДЕО) Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ плаќа пари за меѓународната заедница да им помогне, а тука бараат да не се меша

Од:

На сите во Македонија и во меѓународната заедница им стана јасно дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот Ѓорге Иванов под нивниот притисок заедно со сите овие најави за насилство, провокации, поттикнување на поделби во Македонија немаат никаква врска ниту со државните интереси, ниту со заштитата на Македонија, а најмалку со интересите на македонските граѓани. Единствената цел која стои зад пропагандата, незаконските и неуставни одлуки е да се остане на власт и да се спаси од кривичната, криминална одговрност за сериозната корупција и криминал кои ги спроведувале со години и ја доведоа Македонија во состојба на длабока криза, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Таа истакна дека пратеникот и министер за внатрешни работи, Никола Поповски престојувал во Брисел, каде барал ВМРО-ДПМНЕ да остане на власт, а единствената цел, како што рече Шекеринска е да се задржи криминално стекнатиот имот и истата елита да продолжи на ист начин да ги краде граѓаните.

– Тоа се истите луѓе кои пред два месеца донесоа проглас со кој ја повикуваат меѓународната заедница да престане да се меша во внатрешните работи. Истите кои носеа ваков проглас, деновиве разговараат со сите во Брисел да бараат по секоја цена да останат барем дел од власта. Истите кои тврдат дека меѓународната заедница не треба да се меша во работите кои се одвиваат во Македонија, се тие кои веќе платија 1.6 милиони евра за да влијаат во Вашингтон и прават се само да ја зачуваат сопствената контрола, влијание и учество во власта по секоја цена, па и по цена на насилство па и по цена на уште подлабока криза, рече заменик-претседателката на СДСМ.

Таа кажа дека СДСМ по секоја цена ќе ги брани унитарноста, стабилноста и просперитетот на Македонија.

– Го потсетуваме Иванов дека мора да престане со насилството врз Уставот. Должен е веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој обезбеди јасно и недвосмислено мнозинство во Собранието, вели Шекеринска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

(ВИДЕО) Талески: СДСМ заврши над 90 отсто од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно се кити со туѓи перја