Запечени макарони со пилешко …
Потребно е:
200 гр макарони
450 гр пилешко бело месо
1 зелена пиперка
1 црвена пиперка
600 мл пасирани домати
60 гр крем сирење
1 чаша (од 200 мл) моцарела сирење
1/4 чаша пармезан
2 лажици масло
Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени. Тестенините сварете ги според упатството на пакувањето.
– Пилешкото месо исечете го на коцкички и пропржете го на малку масло на средна температура.
– По 2 минути додадете сецканите пиперки и пржете уште 3 минути. одадете ги пасираните домати и динстајте околу 10 минути додека да омекнат пиперките.
– Додадете го изренданото моцарела сирење и една минута динстајте со постојано мешање.
– Сварените тестенини исцедете ги и додадете ги во сосот со пилешко месо. Половина од смесата ставете во огноотпорен сад и посипете со пармезан. Одозгора распоредете ја преостанатата смеса со тестенини.
– Ставете да се пече во загреана рерна околу 20 минути.
– Пред да го послужите јадењето послужете го со малку сецкан власец, магдонос или млад кромид.