Овие колачиња исклучиво се прават со замрзнато овошје …
Потребно е:
300 гр замрзнато шумско овошје
3 лажици шеќер во прав
360 гр брашно
180 гр ладен путер
65 гр шеќер
1 лажица прашок за пециво
1 лажиче сол
200 мл млеко
1 јајце
изрендана кора од 1 лимон
1 жолчка
за глазурата:
2 лажици растопен путер
1 лажица мед
Подготовка:
– Најпрво замрзнатото шумско овошје префрлете го во садот за месење и посипете го со шеќерот во прав и убаво измешајте. Вратете го во замрзнувач до употребата.
– Во помал сад измешајте ги млекото, јајцето, кората од лимон и жолчката во хомогена смеса и оставете ја на страна.
– Во еден сад ставете ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво и солта и замесете тесто. Додадете половина од путерот исецкан на мали коцки и повторно со раце месете убаво да се пврзат брашното и путерот. На крај додадете го и остатокот од путерот и повторно истријте го со раце. Тестото треба да биде зрнесто.
– Префрлете го во садот кај шумското овошје и измешајте.
– Во средината на брашното сипете ја мешавината на млеко и јајца и со помош на вилушка замесете тесто да добиете една компактна маса.
– Оваа смеса префрлете ја на набрашнета работна површина и неколку пати преклопете го тестото за да се поврзат сите состојки.
– Тестото обликувајте го како правоаголник со димензии 35х10 см и исечете го на 4 дела . На крај секој дел засечете го дијагонално.
– Добиените триаголници префрлете ги во тава обложена со хартија за печење така што оставете доста просто помеѓу колачињата затоа што ќе нараснат додека се печат.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 16 минути.
– За тоа време растопете го путерот и измешајте го со медот.
– По 16 минути извадете ги од рерна и премачкајте ги со глазурата од мед од горната страна и од страните. Вратете ја тавата во рерна и допечете ги уште 8 минути додека да добијат златно-жолта боја.
– Оставете ги да се изладат и послужете.