СДСМ: Иванов да престане да дава простор за насилство, веднаш да го даде мандатот на Заев

Од:

„Ѓорге Иванов да престане да го крши Уставот и да остава простор за лаги од пропагандата и за насилство!

Иванов е должен веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на новата Влада на Р.Македонија.

Мнозинството граѓани во Македонија гласаа за квалитетен живот, за нови работни места, за парите да се вратат кон луѓето, за квалитетно образование и квалитетно здравство, за правда за сите. Ова се очекувањата на граѓаните и ова се приоритетите на новата реформска Влада што е неопходно што побрзо да се формира, за земјата да продолжи да се развива според стратешките интереси кон ЕУ и НАТО.

Граѓаните го избраа концептот на заедништво наспроти концептот на поделби на досегашната неодговорна власт на Никола Груевски.

Затоа, Македонија, како што се обврзавме и во Планот за живот, ќе биде едно општество, на еднакви граѓани, во кое што ниту една заедница нема да биде ниту маргинализирана, ниту привилегирана.

Единствен можен следен чекор е одблокирање на демократските процеси и мирен трансфен на власта.

Само нова одговорна реформска Влада може да одговори на потребите на граѓаните и на државата и да обезбеди стабилност и просперитет“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт