Плескавици со блитва и овесни снегулки

Од:

Малку поинаков начин на подготовка на блитва …

Потребно е:
околу 500 гр блитва
6 лажици овесни снегулки
3 лажици чија семки
1 јајце
150 мл млеко
20 гр пармезан
4 лажици брашно
1 лажиче прашок за пециво
сол, бибер
сецкан свеж магдонос

Подготовка:
– Блитвата кратко сварете ја во врела вода. Исцедете ја и ситно исецкајте ја.

– Во еден сад сипете го млекото и додадете ги овесните снегулки и чија семките. оставете ги да стојат 10-тина минути.

– Потоа во смесата додадете ги останатите состојки и измешајте.

– Во тава ставете хартија за печење и премачкајте ја со маслиново масло.

– Со лажица вадете од смесата и ставајте на хартијата. Обликувајте ги како плескавици. Со четкичка премачкајте ги со малку маслиново масло.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути. Превртете ги од другата страна и оставете ги да се допечат уште 10-15 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска