Тестенини со рикота и спанаќ

Од:

Вкусни потпечени тестенини …

Потребно е:
1 пакување тестенини пене
1 главица кромид, ситно сецкан
2 чешниња лук, изгмечени
4 чаши крупно сецкан спанаќ
сок од 2 лимона
2 чаши рикота сирење
2/3 чаша семки од сончоглед
2 лажици маслиново масло
сол, бибер

Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 190 целзиусови степени.

– Една помала керамичка тава премачкајте ја со масло.

– Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Исцедете ги, но зачувајте 2 чаши од течноста. Вратете ги во садот во кој се вареа.

– Додека се варат тестенините, на 2 лажици маслиново масло пропржете го ситно сецканиот кромид. Додадете го изгмечениот лук, потоа спанаќот и пржете околу 2 минути.

– Сипете го сокот од лимон и додадете ги рикота сирењето и течноста во која се вареа тестенините.

– Варете ја целата содржина со постојано мешање додека да се растопи сирењето и да стане кремасто.

– Потоа смесата од тавата сипете ја во садот кај исцедените тестенини и мешајте да се спојат сите состојки.

– Целата смеса префрлете ја во намастената керамичка тава и посипете со семките од сончоглед.

– Ставете да се пече во загреаната рерна 20-25 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска