Австрија: ЕУ не смее да го остави Западен Балкан на цедило

Од:

Австрија смета дека ЕУ треба уште повеќе да му помогне на Западен Балкан во совладување и запирање на мигрантскиот бран, порача денеска австриското Министерство за надворешни работи, истакнувајќи дека запирањето на мигрантите не е никаков нов услов за приближување кон ЕУ.

„Австрија смета дека е неопходно да им се помогне на земјите од Западен Балкан во обрските што доаѓаат со мигрантите“, го дообјаснува Министерството за надворешни работи предлогот на нивниот шеф, Себастијан Курц, изнесен во интервјуто за германскиот весник „Билд ам Зонтаг“ за тоа дека ЕУ треба да формира бегалски центри надвор од нејзината територија, наведувајќи ги притоа како примери Грузија и Западен Балкан.

Танјуг го пренесува ставот на австриското МНР кое смета дека ЕУ на земјите од регионот треба особено финансики да им помогне и да им понуди поголема поддршка отколку што тоа беше досега случај.

ЕУ, исто така, треба да помогне и при протерување на одбиените баратели на азил, како и на лицата кои илегално ја минале границата.

„ЕУ не смее земјите од Западен Балкан да ги остави на цедило за прашањата на мигрантите“, е ставот на Министерството. Оттаму уште порачуваат дека запирањето на мигрантите не е предуслов за приближивањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп