Како да ги искористите презреаните банани …
Потребно е:
за бисквитното тесто:
200 гр брашно
1 прашок за пециво
200 гр шеќер
125 гр путер
2 јајца
60 мл млеко
5 банани
за карамелот:
100 гр шеќер
60 гр путер
Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени.
– Тавата во која ќе го печете колачот премачкајте ја со путер.
– Направете го карамел. Во сад на рингла на тивко загрејте ги путерот и шеќерот додека да добијат убава светло кафена боја.
– За бисквитното тесто во еден сад изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете ги млекото и растопениот путер.
– Во друг сад помешајте ги брашното и прашокот за пециво.
– Измешајте ги сувите и мокрите состојки и убаво изматете ги.
– Бананите исечете ги по должина на тенки парчиња.
– Во тавата прво сипете го карамелот, потоа наредете ги парчињата банана и на крај сипете ја смесата за тесто.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.