За сите љубители на морска храна …
Потребно е:
500 гр ракчиња
2-3 лажици маслиново масло
прстофат лута мелена црвена пиперка
4 чешниња ситно сецкан лук
60 мл суво бело вино
2 лажици сок од лимон
1/2 лажица мелена црвена пиперка
20 гр путер
2 лажици ситно сецкан свеж магдонос
морска сол и бибер, по вкус
Подготовка:
– Загрејте го маслото во поголема тава. Додадете прстофат лута црвена пиперка и и пржете со постојано мешање околу 30 секунди.
– Додадете го ситно сецканиот лук и пржете околу 1 минута додека да замириса.
– Додадете ги исчистените ракчиња, вино, путер, сокот од лимон и мелената црвена пиперка. Динстајте околу 5 минути или додека ракчињата не ја променат бојата.
– Посипете со сол и бибер, посипете со сецкан магдонос.
– Послужете со сварен ориз или паста, по избор.