Во рамки на Неделата на солидарност со децата бегалци од Сирија денеска во гимназијата во Дебар беше организирана хуманитарна акција.
Собраните средства од акцијата „Македонија со љубов за децата од Алепо“, која ќе биде спроведена во повеќе средни училишта низ Македонија, ќе бидат испратени во камп на турско-сириската граница каде што се сместени сириски деца.
– Хуманитарната акција „Македонија со љубов за децата од Алепо“ беше одлично организиран настан. Дебарските ученици и нивните професори и родители ја потврдија солидарноста и хуманоста, особини по кои се препознатливи дебрани. Имаше ликовни дела и разни печива и слатки, подготвени од самите ученици со чија продажба, но и донираните средства, се собраа 34.820 денари, изјави Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.
Во акцијата „Македонија со љубов за децата од Алепо“,како што посочи Змијанац, вкучени се и клубовите на „Меѓаши“ во Виница, Гостивар, Скопје и Велес.