Албанската министерка за одбрана Кодели во посета на Дебар

Од:

Албанската министерка за одбрана Мими Кодели попладнево престојуваше во куса посета на Дебар.

По средбата со градоначалникот Ружди Љата, Кодели изјави дека што подобро спроведените реформи во внатрешниот политички живот, во Албанија или во Македонија, се многу значајни на заедничката евоатлантска иднина.

– Ние сме членка на НАТО, а Македонија очекува и е на добар пат да стане членка на Алијансата. Нашите две земји, како и другите балкански земји, заедно се ангажираат на европскиот пат и тоа е многу значаен именител за подобра, поперспективна и побезбедна иднина, како за нас така и за идните генерации, рече Кодели.

Градоначалникот на Дебар Ружди Лата искажа задоволство што прват, како што рече, албански минисер за одбрана го удостои Дебар со својата посета. Тој на Кодели и врачи посебно признание кое Општината го доделува за личности кои дале придонес во афирмацијата и развојот на Дебар.

На средбата во Кабинетот на Ружди присуствуваше и градоначалникот на пограничниот албански град Пешкопеја, Мухарем Рама.

Пред посетата на Дебар, министерката Кодели престојуваше во Струга, каде одржа предавање пред студенти во врска со реформите во областа на одбраната во земјите членки на нАТО и аспиранти за членство.

Би можело да ве интересира

Прегазен пешак во Дебар

А1он

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар