Привршува рокот за запишување нови земјоделски стопанства

Од:

Привршува рокот за запишување на новите земјоделци и новите фирми во регистарот на земјоделските стопанства, информираа од подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кичево.

Запишувањето е еден од условите за добивање субвенции. Промените во сопственичката структура исто така мора да се евидентираат во регистерот.

До 15-ти март оваа година земјоделците и новите земјоделски фирми доколку сакаат да добијат субвенции од државата ќе мора да се запишат во регистарот за земјоделски стопанства. Оваа обврска ја имаат и оние кои направиле промени во сопственичката структура.

Добивањето на субвенциите во сточарството зависи од бројната состојба на добитокот запишана во Агенцијата за ветеринарство или бројот на домашни животни на денот на поднесување на барањето за субвенции. Пријавувањето се врши во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кичево односно местото каде што живее земјоделецот или каде што се наоѓа седиштето на фирмата, рече раководителот Андријана Лаброска.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници