Еко-свест:РЕК Битола ја загадува и почвата, но повеќе воздухот

Од:

Центарот за истражување и информирање за животна „Еко-свест“ од Скопје денеска во Битола го презентираше извештајот од извршеното истражување за загадувањето со тешки метали и радиоактивноста предизвикани од РЕК Битола спроведено преку примероци од почва, мов и пепел од подрачјето околу РЕК Битола.

Според Трајче Стафилов, професор на Природно математичкиот факултет при УКИМ-Скопје, прелиминарните резултати покажуваат дека почвите не се многу изложени на загадување од високи содржини тешки метали освен во регионот или непосредната околина на РЕК Битола, но оти е забележливо загадувањето на воздухот.

– Резултатите покажаа дека во околината на РЕК Битола и во еден поголем простор до градот Битола има изложеност на цврсти честички задржани од мововите кои што имаат зголемана концентрација, споредена со други региони во Македонија. Ресгистрирани се елементи од тешки метали како што се арсен, кадмиум, бакар, хром, никел и цинк. Тоа е заради тоа што во самата пепел депонирана во РЕК Битола концентрацијата на овие тешки метали е повисока, атоа пак значи иникација каде се дисперзираат тие честички кои се депонираат на отворено, а потоа пепелта се разнесува со струењата на ветерот. Тоа што загрижува, не е само релативно зголеменета концентрација туку зголемената радиоактивност на оваа пепел, посочи професорот Стафилов.

На прес-конференцијата во Битола, професорот Стафилов нагласи дека радиоактивноста на пепелта и присуството на радиоизотопи е за 3 до 5 пати поголема од таа во почвите и во таков случај неопходно потребно е да се преземат мерки за спречување на дисперизија на тие честички.

– Мерките за спречување на дисперзија се познати и ние препорачуваме да се врши покривање на местото каде се депонира пепелта или да се спречи разнесувањето на прашината во воздухот и околината на Битола бидејќи честичките се внесуваат во организмот на секој човек. Според Правилникот за радиоактивен отпад на Република Македонија индексот на радијација е блиску до оној што е максимално дозволен посочи Стафилов.

Дводневната стручно-научна средба на тема „Како до подобра рамка за решавање на проблемот со аерозагадувањето?“ продолжува утре.

Би можело да ве интересира

Министерката за енергетика очекува стабилна грејна сезона

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ местела милионски тендери во РЕК Битола преку нивна омилена компанија, неспособноста завршува со нив

Предраг Петровиќ

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем

Тешко повреден работник во рудникот „Брод – Гнеотино“

Горан Наумовски

Нов испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во системот на МЕПСО

(ВИДЕО) Стојановски: СДС да каже каде завршиле над 90 милиони разлика во цени од тендер во РЕК Битола

Горан Наумовски