Сочно и неверојатно вкусно …
Потребно е:
800 гр свинско месо (цело парче)
3 моркови
4 главици кромид
2 чаши црно вино
малку путер
сол, бибер
мајчина душичка
власец
малку маслиново масло
Подготовка:
– Месото од сите страни премачкајте го со тенок слој маслиново масло. Ставете го на средина на огноотпорен сад претходно премачкан со путер. Месото посолете го, посипете со бибер и останатите зачини.
– Додадете чаша вино но не го полевате по месото.
– Поклопете го садот и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 1 час.
– Додека се пече месото исчистете ги морковите и кромидот. Кромидот исецкајте го на полумесечинки и пропржете го заедно со морковите на малку масло.
– По 1 час извадете го месото од рерна и од околу додадете го пропржениот зеленчук. Прелијте ги со втората чаша вино.
– Повторно поклопете го садот и вратете го во рерна да се пече уште 1 час.