(ВИДЕО) Кочан и Авировиќ на распит во Кривичниот суд

Од:

Сопственикот на „Трансмет“, Сеад Кочан, пристигна на распит во Кривичниот суд. Кочан е обвинет од страна на СЈО во случајот „Труст“ заедно со уште две физички и три правни лица за учество во тендер на ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Подоцна и второ осомничениот, Василије Авировиќ се појави на распит во Кривичниот суд.

Три лица, раководители во фирмите „Трансмет“,„Силекс-неметали“ и „Вато“, се обвинети дека со фалсификувана документација добиле тендер и анекс со што се заработени незаконски 1 милијарда и 60 милиони денари.

Од СЈО обвинија дека била доставена фалсификувана документација за сопственоста на механизацијата и за состојбата во која се наоѓала механизацијата како и за кадровската екипираност. Како што велат од обвинителството имало фактури и договори за наводно купена механизација и договори за лизинг.

Прво осомничениот, раководител на „Трансмет“ со ваква документација, каде пишува дека наводно ги исполнува условите, ја доставил понудата до „ЕЛЕМ“ по што бил склучен договор.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он

Врховен му ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за „Труст“

Кристијан Ландов

Сеад Кочан иако требаше, се уште не се пријавил во Идризово

Виктор Јованов

Кочан мора веднаш во затвор, не успеа да ја одложи казната

Виктор Јованов