ОМД повикува на разум и одговорност во РМ

Од:

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) ги повикува македонските граѓани на разум и одговорност во овие, како што наведуваат, крајно загрижувачки моменти за Република Македонија.

Сметаат дека во овие историски моменти секој задоцнет искажан став е контрапродуктивен и води кон турбулентност и потсетуваат дека политичката платформа на Албанците потпишана во Тирана беше објавена на 7 јануари 2017, на Божик.

– Нетранспарентните, тајните, многупати и со посредство на странски фактори изнудени политички решенија само и наштетија на младата македонска држава. Секое решение кое не е базирано на народното јавно мислење и здрава дебата води кон нестабилност и неизвесност, наведуваат од ОМД и от тие причини ги повикуваат народните избраници во Собранието на Република Македонија, кои го рефлектираат мултикултурниот карактер на државата, согласно својата одговорност и уставни ингеренции, веднаш да ја продолжат конститутивната седница, да ги повикаат политичките партии целосно транспарентно да им ги презентираат предлог програмите за влада и низ јавна собраниска дебата да се дискутираат и одлучат ставовите и опциите за иднината на земјата.

– Недоделувањето на мандат за формирање на Влада од претседателот Иванов вчера треба да служи како поттик за партиските лидери на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да одговорат на моменталната состојба во која се наоѓа државата покажувајќи државотворност и патриотизам преку директни разговори во Собранието и издавање на заедничка декларација за целосна заштита на унитарноста и уставноста на Република Македонија. ОМД цврсто верува дека ова е единствен излез од кризата, стои во соопштението.

Во спротивно, додаваат, конспиративноста, тајноста на преговорите и договорите на политички партии и притисоците на странски фактор во внатрешните прашања на државата можат да доведат до несогледливи последици не само по Македонија, туку и по Балканот како регион воопшто.

Порачуваат дека разумот, совесноста, одговорноста кон предизвикот и лојалноста кон државата се особено важни во овие историски моменти.

Би можело да ве интересира

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Конгресменката Слоткин се приклучи на групата за пријателство со С. Македонија во Конгресот

Ана Ололовска

Македонската дијаспора ѝ пиша писмо на Урсула вон дер Лајен: Отворете ги преговорите со Македонија

Жарко Настоски

ОМД бара од Бајден нов американски фокус за економски развој на Балканот и Македонија

Жарко Настоски

Обединета македонска дијаспора: Барањата на Бугарија се непристојни и неконструктивни

Жарко Настоски

ОМД е длабоко разочарана од одлуката за претворување на цариградската Света Софија во џамија

Ана Ололовска