Членовите на аргентинскиот истражувачки центар сместен во северниот дел од Антарктикот во последните две години забележале рекордно висока температура од 17,5 Целзиусови степени, извести агенцијата за климатски промени на ОН.
Базата Екперназа на 24. март 2015. година евидентирала температура од 17,5 степени, објави Светската метеоролошка организација, по обработката на податоците од целиот Антарктик.
„Со проверката на максималните и минималните температури создаваме слика за времето и климата на една од крајните граници на нашата планета“ изјави Мајкал Спероу, кој со Светската метеоролошка организација ја спонзорира Светската програма за истражување на климатските промени.
Количината на мразот на Антарктикот се проценува на околу 30 милиони km3, што е околу 90 отсто од вкупната количина мраз, односно вода на Земјата. Доколку тој мраз се стопи нивото на морињата и океаните би се подигнало за околу 60 метри.
Рекордно високи температури на Антарктикот претходно се измерени во 1982. година кога била 19,8 степени и во 1980. година кога изнесувала 19,4 степени.
Најниската досега измерена температура е во 1983. година на подрачјето на тогашната советска станица Восток во центарот на Антарктикот и изнесувала -89,2 степени.