ОМ: Нападот врз новинарите на А1он, кукавички потег по нарачка

Од:

„Обединети за Македонија го осудува вчерашното неконтролирано дивеење на лицата кои ги нападнаа новинарите на А1он, оценувајќи го како кукавички потег по нарачка.

Ги повикуваме сите на разум и совесност, да не се влегува во сценарија креирани од лица кои ќе не втурнат во безредие, само за да бидат спасени од правдата.

Секој треба да ги почотува правата на другите, а не да ги штити само сопствените. Македонија е татковина на сите нејзини граѓани.

Обединети за Македонија го охрабрува претседателот Ѓорги Иванов уште денес да го даде мандатот на опозицијата за составување на нова влада, за да помогне во одржувањето на мирот и стабилноста во земјава.

Бидејќи место за поинакви одлуки нема, а не случајно за тоа пристигнуваат пораки и од нашите стратешки партнери ЕУ, САД и НАТО.

Обединети за Македонија ја дава својата целосна и безрезервна поддршка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во процесот за мирно преземање и трансфер на власта. Време за чекање не смее повеќе да има.

Конечно дојде времето за одговорност“, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска